Јанушев: Изборен модел не се менува неколку месеци пред избори

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека од правна гледна точка и од аспект на граѓаните не треба да се пристапи кон менување на изборниот модел на неколку месеци пред закажаните предвремени парламентарни избори и останува на предлогот за мнозински модел со 120 изборни единици, вели генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, коментирајќи го отсуството на претставник од оваа партија на вчерашната дебата за промена на изборниот модел во една изборна единица, на која поддршка најави и премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Според Јанушев, во напредна фаза се разговорите на работните групи за изборното законодавство кои очекуваат да бидат донесени што е можно побрзо и да не се остават за пред распишување на изборите.

– Нашиот став е добро познат и јасен и многу пати кажан во јавноста, прво што треба да се направи е да се усвојат препораките од страна на ОБСЕ ОДИХР и секако на канцеларијата на Европската Унија, и тука работните групи работат и се веќе во, можам да кажам, една напредна фаза. Очекуваме што е можно побрзо истите да се донесат бидејќи е неопходно, да не го оставаме тоа непосредно во периодот пред распишувањето, односно започнување на изборите, рече Јанушев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Без оглед дали ќе биде прифатен или не нивниот предлог за мнозински модел со 120 изборни единици, како што вели Јанушев, не треба да забораваме дека менување на изборен модел на закажани и договорени избори на неколку месеци од сега од правна гледна точка и од аспект на граѓаните исто така не треба да се случи. – Меѓутоа, секако дека она што го предлагаме го оставаме како една отворена врата да продолжиме со разговорите, нормално ако најдеме заеднички јазик, онака како што е правено секогаш во минатото со консензус помеѓу политичките партии истото да се случи и во идниот период, рече Јанушев.

Прашан дали има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за една изборна единица генералниот секретар на оваа партија рече дека нивната пратеничка група во Собранието ги почитува правилата на она што го имаат како партиски став.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски