ВМРО-Народна партија: Поддршка за конечна демократизација на изборните процеси

Од:

ВМРО-Народна партија упатува целосна поддршка за конечна демократизација на изборните процеси во Македонија.

– Сметаме дека има доволно време и овој процес да се усвои и имплементира уште на претстојните предвремени парламентарни избори. Ја поздравуваме иницијативата на премиерот Зоран Заев за чинот на усогласување на единствен став во парламентот во однос на промената на изборниот модел односно за воведување на една изборна единица со отворени листи и се надеваме дека во најбрз можен рок истиот ќе влезе во парламентарна процедура и биде изгласан од пратениците, велат ВМРО-НП.

ВМРО-Народна партија предлага отворање на широк консултативен процес во форма на конференција на која ќе учествуваат сите политички партии кои се дел од Македонската политичка сцена но и претставници од меѓународната заедница.

– На таа конференција би се усогласил единствен став помеѓу парламентарните и вонпарламентарните политички партии воедно и претставниците од меѓународната заедница би споделиле искуства од државите кои ги претставуваат. ВМРО-Народна партија и по осум години од моментот кога за прв пат предложивме промена на изборниот модел останува на ставот дека со ваквиот пристап не само што ќе се додемократизира и зајакне плурализмот во Македонија, туку и ќе се зајакне еднаков пристап кон сите партиско-политички субјекти со еднаква тежина на било чиј глас од градовите и селата во државата, соопштуваат од ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска