(ВИДЕО) Рангелова: Не ме прати Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ да не се крие, нека прифати една изборна едница

Од:

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова даде поддршка на иницијативата за една изборна единица, при што на собраниската дебата нагласи дека не доаѓа во името на партијата и не ја пратил лидерот Христијан Мицкоски. Таа порача измените на Изборниот законик, најбрзо што може да се најдат пред пратениците и ги повика своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од клиентелизмот, да го подржат законот, по цена и да не се најдат на листите заради личен став кој не се поклопува со партискиот.

„Повикувам да ставиме крај на забетонираниот двопартиски систем. Пред почетокот од протоколот веднаш ме прашаа дали ме пратил Мицкоски, кажав не, не ме пратил сама си дојдов. И нема да го поддржам Мицкоски во идејата за мнозински модел, ако не се согласувам со него. Знам дека и моите колеги, ако не поддржат нешто по свое се ставаат во ризик, да бидат прогласени за нелојални и дека поради тоа нема да се најдат на изборните листи за пратеници. Гледам дека лидерот на СДСМ е тука па еве и пред него кажувам дека и тие се исти во однс на внатрепартиската демократија, затоа и кажав двопартиско размислување, не поединечно. Сметам дека сега е време да се надминеме себе си и да го послушаме гласот на граѓаните, затоа што ако 40% од нив ви велат дека сакаат промени, треба да ни се запали светлото во главите да ги прифатиме нивните барања,“ рече Рангелова.

Нејзината колешка Нола Смајловска Исени ги повика пратениците на консензус за една изборна единица затоа што како што рече ако се постигнал за промена на името според неа може да се постигне и за измените на изборниот законик.

„Ако успеавме да изградиме консензус за едно од најголемите прашања, а тоа е промена на името, не гледам зошто не би можеле и за ова прашање да изградиме консензус меѓу пратениците. Ако не успееме во тоа, тогаш да се собереме и да прогласиме дека во државата прашањата ги решаваат двајца или тројца лидери зад затворени врати. Ние ќе раговараме во редовите на нашата партија, се надевам дека тоа ќе го направат и другите, затоа што можеби и во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои сега молчат, но би дале поддршка на иницијативата“, рече Смајловска Исени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги