ФОТО: Високите бранови на Охридско Езеро го уништија градскиот кеј

Од:

Високите бранови и зголеменото ниво на вода во Охридското езеро уништија и дел од градскиот кеј, кој важи за омилено место за шетање за охриѓани и за туристите кои го посетуваат Охрид.

На неколку места водата го поткопа кејот, па бекатон плочките беа расфрлани на сите страни. За тоа говорат и фотографиите кои ги направи А1. Честопати поради високи бранови доаѓа до уништување и на мостот на желбите кој води до населните Потпеш и Канео.

Тоа се случи и синоќа, кога дел од мостот беше уништен. Дополнителен проблем создаваше и ветерот кој според Упрвата за Хидрометеоролошки работи достигнал брзина од 60 километри на час.

ohridsko-krsh.jpg ohridsko-krsh1.jpg ohridsko-krsh2.jpg ohridsko-krsh3.jpg
Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово