А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Сасоли: Немаше „не“ за датум, туку одлагање на одлуката

by А1он04/11/2019 - 18:5304/11/2019 - 18:53393
Share0

За време на последниот Совет на ЕУ имаше приговори што доаѓаа од три Влади на земји-членки на ЕУ и овие предлози не доведоа до заклучување на одлуката. Во суштина немаше „Не“ за датум, немаше негирање на прашањето за започнување преговори, но имаше еден вид условување, дека нешто повеќе треба да се стори. Во овој момен тие влади се во фаза на предомислување, односно ги разгледуваат одлуките што ги донеле, но морам да нагласам дека не слушнавме едно изрично „не“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова беше пораката на претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

– Ние сме убедени дека овој процес може и да запре, тоа е нашиот страв, и верувам дека некои нивни причини што беа изложени треба да се разгледаат исто така верувам дека тие приговори на трите членки може да бидат надминати, рече Сасоли и повтори оти имало само одлагање на одлуката, а не нејзино одбивање.

Оцени оти тоа што тие земји не ги надминале приговорите до Советот на ЕУ, не треба да се смета како пораз, туку еден вид на застој во процесот, како што и често се случува во демократските земји.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претседателот на Европарламентот е дециден дека прашањето за проширувањето ќе биде покренато во мај пред Советот на ЕУ, на Самитот во Загреб.

– Ние сме вложени и посветени на овој процес што јас се надевам, како што и сите се надеваме дека ќе се оконча и заклучи на просперитетен и позитивен начин. Владите на овие земји кои ја изразија својата воздржаност и резерва, сега во моментот се во фаза на проценка и разгледување на нивната одлука. Ова е момент што говори за голем оптимизам и доверба, истакна тој.

Во однос на тоа дека нема скратен пат за Северна Македонија и Албанија да стигнат до ЕУ и оти не е можно одвојување на тие земји, Сасоли рече дека постојат извесни процедури во пристапните процеси, кои можат да бидат разгледани и модифицирани дури и упростени.

– Ние сме во рамки на еден процес во кој ЕК го состави овој пакет. Ние треба да искажеме став по прашањето на овој пакет и доколку процесот започнеше на поинаков начин ние ќе се произнесевме на различен начин. Но сега објективно во овој момент не е можно, и мислам дека дури не е ни пожелно. Но ова не значи да не се земат предвид и да не се проценат на индивидуален начин вредностите и заслугите на овие две земји. Ако ги прочитаме изјавите на претседателот на ЕК, на претседателот на Советот на ЕУ и на претседателот на ЕП, заслугите се признати и на Северна Македонија и на Албанија. Значи не станува збор за заслуги, тие се признати, сега ни имаме задача да продолжиме по овој пат и верувам дека тие приговори кои беа покренати од овие три влади за Северна Македонија и Албанија ќе бидат лесно и брзо совладливи, истакна Сасоли одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

eu

Би можело да ве интересира

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Горан Наумовски21/06/2026 - 13:31

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 17:53

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:28

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:2917/06/2026 - 15:13

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:28

Зеленски: Украина е подготвена да го забрза пристапувањето кон ЕУ и да ги отвори сите кластери

Горан Наумовски16/06/2026 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто