Пронајдена зона без живот на Земјата

Од:

Група француски научници тврдат дека откриле место на Земјата каде што не може да постои живот и покрај присуството на вода во областа.

Во нивните откритија објавени од списанието „Nature Ecology & Evolution“, тим на биолози од француската национална агенција за истражување ЦНРС и Универзитетот во Париз-Суд рекоа дека тие дошле до откритието при посетата на „неодржливите“ Далолски хидротермални базени од северна Етиопија, во близина на границата со Еритреја.

„Ние идентификуваме две главни физичко-хемиски бариери кои спречуваат животот да напредува во присуство на течна вода на Земјата и, потенцијално, на друго место, и покрај тоа што присуството на течна вода на површината на планетата е широко прифатен критериум за живеење“, тврдат истражувачите .

Помеѓу 2016 и 2018 година, тие со помош на низа научни техники бараа какви било траги од живот во системот на езерцата Далол само за да заклучат дека комбинацијата на екстремни нивоа на сол и киселина e превисока за секој организам.

Научниците објаснија дека освен тоа што нивоата на сол и киселина е висока во езерата Далол, водата содржи и огромна количина магнезиум.

Ова ја потврдува теоријата дека водата не содржи никакви штетни материи или бактерии, бидејќи во такви услови, живите клетки се уништуваат.

Во претходното истражување за областа Далол се тврди дека откриени се докази за екстремно мал микробиолошки живот што преживувал против шансите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Граѓаните се охрабрија: Извршителката ме натера да си ја откупам куќата, еднаш од банката, еднаш од соседот

A1on

(ВИДЕО) Без партиски врски, студентот добива само смрдлив тоалет и руинирана бања – Какви се условите во студентските домови

A1on

(ВИДЕО) „Ден на дрвото“ – проект без ефект: За голи ридови, маркетинг и спотови потрошени 14 милиони евра

A1on

Вино испратено во Вселената заради научни истражувања

Ана Ололовска

Кирилов: САД спроведуваат биолошки истражувања