Оскаровецот Леонардо Дикаприо и познат борец за заштита на животната средина се сретна со наjпознатата активистка, 16-годишната Грета Тунберг. И двајцата се обврзаа дека ќе се поддржуваат меѓусебно. Дикапиро ја нарече Грета „лидер на нашето време“ и ја пофали нејзината борба против климатските промени.
Актерот кој е критикуван поради употребата на приватните џет авиони и покрај тоа што се залага за заштита на планетата и борба против загадувањето, рече дека е чест да разговара со неа, објавувајќи фотографија со Грета.
Во постот на Инстаграм, Леонардо рече дека се надева дека пораката на Грета е повик до светските лидери да се разбудат, додавајќи дека оваа средношколка го прави да биде оптимист во поглед на иднината.
Во меѓувреме Грета преку својот профил на социјалните мрежи побара помош да присуствува на самитот на Обединетите нации за климатските промени COP25.
Таа тргна на пат кон Чиле, но откако самитот беше преместен во Мадрид, излезе дека таа помина голем пат залудно и дека сега ќе мора повторно да го пројде Атлантикот, а поради еколошки причини таа одбива да патува со авион.
„Сега морам да најдам начин да го прејдам Атлантикот во ноември… Ако би можел некој да ми помогне да најдам транспорт, би била благодарна“, напиша Грета.
Кога Дикаприо ја објави фотографијата со Грета социјалните мрежи реагираа на сите можни начини, од воодушевување до исмевање.
Name a more iconic duo. pic.twitter.com/DRsReFaeVh
— i-D (@i_D) November 1, 2019
Еден корисник на Твитер, споделувајќи ја сликата, праша дали може луѓето да наведат некој пар кој е повеќе иконичен од нив двајца. Одговорите беа Пјер и Мари Кири, Маркс и Енгелс, Бони и Клајд, па се до старците од Мапет шоу.
Имаше и такви кои во Грета видоа идна девојка на Леонардо.
„Подалеку од нејзе“, „Млада е дури и за твоите стандарди“, „За некоја година, новата девојка на Лео“, се само некои од твитовите на оваа тема.