(ВИДЕО) Трипуновски: Над 70 вработени во шумската полиција се прераспределени на работни места надвор од местото на живеење

Од:

„СДСМ ги шиканира вработените во МЗШВ. Над 70 вработени во шумската полиција се прераспределени на работни места надвор од нивното место на живеење.

Трајан Димковски по налог на Зоран Заев шиканира партиски неистомисленици, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се професионалци вработени во Секторот Шумска полиција“, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„70 администратори и шумски полицајци веќе една недела одат на работа оддалечена и над 50 километри од нивното место на живеење.

За апсурдот да биде поголем се преместуваат вработени од еден во друг град со образложение, зголеми обем на обврски. А се што прави власта е само размена на луѓе, без дополнување и дополнително образложение.

Шиканирањето и мобингот нема да заплашат никој. Граѓаните се помотивирани од било кога. СДСМ паѓа и ниту една манипулација и панична реакција нема да ги спаси.

ВМРО-ДПМНЕ им нуди на сите вработени во јавниот сектор кои се шиканирани од власт бесплатна правна помош од страна на правната комисија на партија, кој ќе може да ја добијат во секој еден штаб на партијата, секој работен ден од 17-19 часот. Времето за притисоци заврши. Доаѓа време за одговорност“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО