Француски професор до Макрон: Луѓето на Балканот не се глупави, знаат дека не ги сакаш во ЕУ

Од:

„Луѓето на Балканот не се глупави, тие знаат дека нивните земји не се добредојдени во ЕУ и масовно си заминуваат, не како баратели на азил или илегални имигранти, туку како легални работници во Германија, Австрија и други земји од ЕУ“, рече професорот по политички науки на Католичкиот универзитет во Лил, Лоик Трегурес, кој остро ја критикуваше политиката на Макрон за замрзнувањето на приемите на нови членки сè додека ЕУ не се реформира од внатре.

Лоик рече дека зад ваквата одлука на Макрон, стојат краткорочни опортунистички причини и важни долгорочни размислувања.
-Со силно охрабрување на Владата на Северна Македонија од почетокот и започнување преговори, беше можно да се создаде круг во регионот и „да се убијат две муви со еден удар“. Со тоа би се потврдила желбата на Франција процесот на проширување да биде околу вредноста и ставот. Исто така, ќе се испратеше силен сигнал до нелибералните режими во регионот и нивните луѓе за вистинскиот пат на европската интеграција. Франција на тој начин би се ставила во центарот на позитивен начин и ќе добиеше политички кредит за да побара и да добие повеќе – вели професорот Трегурес, додавајќи:

Тоа би и покажало и на Србија дека Влада која е подготвена за голема жртва како што направи Владата на Зоран Заев, не останува без награда со што повторно би ја ставило Франција во центарот на европските напори за решавање на српско-косовското прашање. Покрај тоа, сето ова може да се постигне без политичка цена во „вин-вин“ ситуација за Франција, ЕУ и Балканот “.

Но, Макрон, вели Трегурес, избра да го направи токму спротивното.

– Тој троши политички капитал (26 членки за, против само Париз) на тема и земја што, повторно, не е негов прв приоритет. Ова е ситуација во која сите губат – Франција, ЕУ и Балканот. Неговата одлука ќе придонесе за ненапредување на реформите на процесот на придружување, зајакнување на нелибералните режими, апсолутна загуба на политичкиот кредит во регионот и губење на единствениот поттик што би можел да се искористи за Србија, објаснува експертот.

Со оглед на четирите цели на Франција на Балканот, одлуката на Макрон се чини дека ја уништи можноста за постигнување на целите по висока политичка цена и за неговите партнери во ЕУ и на Балканот, посочува професорот.

– На краток рок, Макрон тврди дека сегашниот процес на проширување на ЕУ не функционира, дека напорите направени од Албанија и Северна Македонија да ги исполнат критериумите за пристапување во ЕУ не се доволни, дека ЕУ ќе ја изгуби „потпората“ за притисок за спроведување на реформите доколку започнат преговорите и дека одвојувањето на двете земји може да создаде проблеми заради големиот број етнички Албанци во Северна Македонија. Последната точка може да се отфрли како неоснована – вели Трегурес.

Кога станува збор за процесот на проширување на ЕУ, додава тој, Франција никогаш претходно не ја спомна оваа загриженост и никогаш не предложила решение за подобрување на процесот, за разлика од Европската комисија и други.

“И кога станува збор за реформите во Скопје и Тирана, секогаш може да се каже дека кандидатите не направиле доволно. Прашањето е дали треба да се држат настрана или процесот на проширување ќе им даде поголем стимул за реформи. Грција со години ја блокираше Северна Македонија на пат кон ЕУ , што имаше огромни последици за Скопје и не резултираше со реформи, како што имплицира Макрон “, истакна професорот.

„Зад првата низа причини се вистинските стравувања дека Макрон е прилично гласен и конзистентен уште од моментот кога беше избран. Прво, тој рече дека 27-те членки (по Брегзит) веќе се премногу за ефективната политичка унија да може да одлучи. Тој исто така тврди дека процесите и институциите на ЕУ се нефункционални, наводно без оглед на бројот на членки. Дали бројот на гласови што се слушаат околу масата е причина за дисфункција или „дизајн“ на институциите? Дали Париз би го блокирал членството на Шкотска или на Исланд затоа што има 27 членки? “, истакна професорот.

Ако станува збор за институционални реформи, Лисабонскиот договор содржи реформи кои што не се спроведени. Покрај тоа, истражувачите се обидуваат да покажат дека прашањето за „проширување или продлабочување“ покренато од Франција од 2017 година е многу посложено отколку што изгледа. Реформите се случуваат затоа што Унијата се шири, а не обратно “, додаде тој.

Со последици за ЕУ и регионот, одлуката на Макрон е штетна и за самата Франција, со оглед на либералните амбиции на Макрон за Европа, што тој ги истакна во говорот пред Сорбона во 2017 година и интересите на Франција на Балканот, тврди професорот на Факултетот за политички науки на католичкиот универзитет во Лил.

Париз, кој се повлече од Балканот пред неколку години и тој регион не беше клучен за нејзината дипломатија, сега има четири клучни цели на Балканот:

– Редизајн на процесот на проширување со приоретизирање на владеењето на правото и промовирање на владите кои се вистински посветени на ЕУ и на нејзините вредности;

– Борба против нелиберализмот на Балканот и насекаде во Европа;

– Да се добие доволно кредибилитет за повторно да се појави како сериозен играч во регионот и како дел од нејзината „стратегија за Балканот“;

– Активно да ги охрабри и помогне во решавањето на прашањата поврзани со Србија и Косово.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица