После мексиканското Гран-при, Макс Верстапен доби многу критики од експерти и колеги, а медиумите не заостанаа. Пилотот на Ред Бул прво ја освои пол-позицијата, но потоа ја загуби тоа по своја вина. На трката имаше две ситуации, една со Хамилтон и една со Ботас, а втората веќе му ја одзеде надежта да се бори за победа.
– На прес-конференцијата тој рече неколку работи што не ми се допаднаа, но мислам дека главниот проблем е неговото однесување. Не ми се допадна неговиот тон, тој зборуваше како да се прашуваше зошто некој има проблем со тоа што го прави. Тоа беше како да се расправаме со некого, прокоментира сонародникот на Верстапен и промотор на холандското Гран-при, кое ќе го видиме следната година.
Германското издание на „Дејли Кикер“ напиша: „Тој е луда глава. Наместо да победи во Мексико трет пат по ред, тој заврши на шестото место, а дебатата за неговиот стил на пилотирање започна повторно“.
Францускиот медиум „Екип“ беше покатегоричен: „Ако луѓето сметаа дека Верстапен е мудар, во Мексико докажа дека тоа не е случај“.
Во Италија, „Газета дело Спорт“ исто така ги оцени неговите добри и лоши страни: „Тој е мешавина од храброст и пропаст: од една страна привлекува многу фанови, но од друга страна, има критичари кои сметаат дека е незрел и арогантен“.