Сејдини оствари средба со Ван Праг

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари средба со првиот човек на Холандската фудбалска асоцијација и член на Извршниот комитет на УЕФА, Михаел Ван Праг.

– Високиот претставник на Европскиот фудбал овие два дена е гостин во нашата држава како еден од учесниците на конференцијата за безбедност и пиротехника која заеднички ја организараат Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, соопштија од ФФМ.

На средбата се разговараше за конференцијата на која учествуваат 120. учесници, меѓу нив како предавачи, интернационални експерти на темата кои го пренесуваат своето знаење и искуство на присутните гости од нашата држава и Асоцијациите од регионот, Србија, Косово, Црна Гора и БиХ, но се зборуваше и за фудбалското пријателство меѓу двете држави и просторот за идна соработка.

– Ние како Фудбалска федерација на Македонија секогаш ја отвораме својата врата за нашите спортски пријатели, а г. Ван Праг секако е наш соработник и пријател. Разговаравме околу конференцијата која заеднички ја организираме и важноста околу безбедноста и интегритетот на фудбалот. Со г. Ван Праг споделивме искуства поврзани со младите национални репрезентации, фудбалските академии и женскиот фудбал и верувам дека имаме простор за поголема соработка во иднина. Оваа средба беше прв чекор кон таа насока. Му се заблагодарувам на г. Ван Праг за неговото присуство во Скопје и се радувам на продлабочувањето на добрите односи со УЕФА, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски