Заев се извини за гестикулацијата во Прилеп, бил природен и сакал да каже дека нема лесно да ја предаде власта

Од:

Ако некого сум повредил сакам да се извинам, рече денес премиерот Зоран Заев објаснувајќи што му значела гестикулацијата во Прилеп која предизвика бурни реакции во јавноста. Вели дека намерата му била да биде природен и да покаже дека нема лесно да ја предаде власта на некој што повеќе од десет години ја уништувал државата.

„Јас сум едноставен и во гестикулациите и во зборовите. Се извинувам ако некој е навреден. Сакав да покажам дека ќе има борба за нашата држава, за нашиот народ“, рече премиерот Заев нагласувајќи дека ќе се бори до крај.

Во саботата на трибина во Прилеп премиерот Заев од бина, зборувајќи за неговиот политички опонент Христијан Мицкоски,  направи гестикулација со раката која јавноста ја оцени како недолична и навредлива.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот