ЕУ и Балканот жалат поради неотворањето преговори со Скопје и Тирана

Од:

На прошталната вечера на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, со лидерите од Западниот Балкан, било изразено жалење за блокадата врз Македонија и Албанија за старт на преговори на последниот ЕУ Самит.

Ова го соопштија од Кабинетот на Могерини по завршувањето на вечерата која се одржа во Брисел вечерва.

-Високата претставничка и лидерите од Западниот Балкан разменија мислења за односите ЕУ-Западен Балкан и настаните во регионот. Тие изразија жалење поради одлуката на Европскиот Совет да не отвори преговори за членство со Северна Македонија и Албанија и се согласија дека ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан останува клучна стратешка цел, во заеднички интерес на ЕУ и на регионот, порачаа од Кабинетот на Федерика Могерини по средбата.

Могерини и лидерите од сите земји регионот, освен Еди Рама, разговарале за постигнувањата во последните пет години на релација ЕУ – Западен Балкан и ја повториле нивната „силна заложба“ кон европската перспектива и реформите кои произлегуваат од неа.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он