Могерини и лидерите од Западен Балкан ќе разговараат за регионалните прашања

Од:

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини вечерва ќе ги прими лидерите на земјите од Западниот Балкан на неформална вечера на која ќе се разговара за регионалните прашања, потврди нејзината портпаролка Маја Коцијанчич.

– Ова е последна во серијата вакви средби со лидерите на регионот, кои станаа редовни во последните години. Се очекува тие да разменат мислења за развојот во регионот и да се осврнат на предизвиците кои преостануваат, изјави Коцијанчич.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, се очекува вечерата да започне околу 19 часот и за сега не се планирани изјави по средбата.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина