Димитров: Ако сме надвор од ЕУ, не може целосно да се комплетира Договорот од Преспа

Од:

Преспанскиот договор не може да се комплетира целосно ако ние сме вон пристапниот процес кон Европската Унија, рече денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на седницата на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дебатираше за одлуката на Европскиот совет да не и додели на земјава датум за преговори за членство во ЕУ.

– Во Преспанскиот договор целосната имплементација на нашите обврски е врзана со пристапниот процес во Европската Унија. Во однос на веќе постоечките внатрешни документи и материјали, нашите обврски почнуваат и завршуваат во рок од пет години од отворање на поглавјата, подвлече Димитров.

Истакна дека членството во НАТО е извесно, но како што рече, тоа не значи дека треба да потценуваме реализација на едно од најважните две стратешки цели. – НАТО носи безбедност, предвидливост и инвестиции, рече Димитров.

– Изгубивме цела генерација, но не смееме да паднеме во истата замка сега. Од наративот на жртва треба да го избереме наративот на победник. Тешко е, ама ќе пронајдеме дупка и ќе излеземе и ќе продолжиме да одиме напред. Со тоа ќе и помогнеме и на Европа и сами ќе си помогнеме, и на нашите соседи во регионот. Ќе завршам со цитат од Черчил: „Никогаш, никогаш, никогаш немојте да дигнете раце, заклучи Димитров.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право