СДСМ: Се додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против растот на минималната плата, не можат да очекуваат поддршка од граѓаните

Од:

Обнова на режимот, одбрана на криминалот и обнова на поделбите и изолацијата се единствената понуда на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ која што им ја нудат на граѓаните, реагираат од СДСМ на изјавата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

“Се додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се за поделби и квази сојузи со други држави, можат да се надеваат само на пораз на предвремените парламентарни избори на 12 април.

И се додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против растот на минималната плата, не можат да очекуваат поддршка од граѓаните.

Граѓаните сакаат просперитетна држава која оди напред, дел од ЕУ и НАТО. Граѓаните се определени за реални политики што носат економски раст, повисоки плати и сигурна иднина.

Затоа, на 12 април, граѓаните нема да дозволат обвнова на криминалот и режимот, туку ќе потврдат дека државата е на вистинскиот, правиот пат.

СДСМ била и ќе остане на страната на интересите на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на обнова на режимот и заштита на криминалот.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра