Уапсен струмичанец со криминално минато, организатор на група за продажба на хероин

Од:

Разбиена е криминална група од Струмица, која се занимавала со продажба на наркотична дрога „хероин“, во рамки на засилените активности на МВР за сузбивање на уличната продажба на наркотични дроги.

Во акцијата на Одделот за криминалистичка полиција во координирана акција со СВР Струмица, СВР Штип, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, е откриен организатор на криминалната група В.С. (45) од Струмица, лице со криминално минато, осудуван за тешки кривични дела, како и за недозволена трговија со дрога.

Во денешното соопштение од МВР стои дека тој организирал набавка на наркотична дрога „хероин“ во количество од половина килограм, која потоа ја препакувал во помали паковки од еден до пет грама и ја продавал по цена од 1.300 и 1.500 денари за еден грам на уживатели и дилери од Струмица и Штип.

Во продажбата на дрогата бил инволвиран и Т.К. (49) од с.Добрејци – Струмица, кој по добиени насоки од организаторот, „хероинот“ го продавал од неговиот дом во село Добрејци на уживатели и дилери.

Од МВР појаснуваат дека во почетокот на октомври 2019 година, во Штип, од страна на полициски службеници е лишен од слобода В.М (33) од Штип, кај кого при личен претрес пронајдена е наркотична дрога „хероин“, која ја купил од В.С. од Струмица, поради што СВР Штип против В.М. поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ .

На 25 и 26.10.2019 година во Струмица лишени од слобода се шест лица од Струмица за кои во истрагата е утврдено дека купувале наркотична дрога „хероин“ од В.С и Т.К.. При претреси на седум локации во Струмица кај пет лица, меѓу кои и станот кој го користел В.С. во Струмица, пронајден е околу половина килограм „хероин“, спакувана во неколку кеси и смеса за мешање, 45.000 денари, 325 евра, а запленети се две патнички возила, кои биле користени за продажба на хероин.

По завршување на истрагата, СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С. и Т.К. за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против П.С. (42) од Струмица, за сторено кривично дело „помагање“ во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од страна на судија на претходна постапка на В.С и Т.К одреден им е притвор во траење од 30 дена, се подвлекува во соопштението од МВР.

Во рамки на стратешкиот приоритет за 2019 година на Министерството за внатрешни работи „борба против недозволената трговија со дрога и оружје“, МВР ќе продолжи со интензивни активности, со посебен акцент на сузбивање на уличната продажба на наркотични дроги.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко