Индексот на Њујоршата берза „Дау Џонс“ синоќа на крајот на берзанското тргување достигна ниво од 14.450,06 индексни поени, што претставува негова највисока вредност во историјата.
Оваа вредност на „Дау Џонс“ е за 2,77 индексни поени, односно за 0,02 отсто, повисока од неговото ниво на крајот на тргувањето во понеделникот.
Во исто време, индексот „Стандард и Пурс“ се намали за 3,47 индексни поени на 1.552,48 поени, што претставува негов дневен пад од 0,24 проценти. Ова ниво е за еден отсто повисоко од историскиот минимум на индексот „Стандард и Пурс“ остварен во 2007 година.
Пад забележа и индексот на електронското тргување НАСДАК, кој се намали за 0,32 отсто, оносно 10,55 индексни поени на 3,242,32 поени.