Софи Вилмес треба да стане првата белгиска премиерка

Од:

Либералната политичарка Софи Вилмес треба да стане првата премиерка на Белгија, соопштија денеска белгиските медиуми.

Очекувањата се дека таа во ноември ќе го замени премиерот во заминување Шарл Мишел, кој се префрла на функцијата претседател на Европскиот совет, пренесоа британските медиуми.

Вилмес, инаку, е министерка за буџет во привремената Влада со која претседава Мишел.

Таа би била на чело на Владата до моментот кога политичките партии во земјата ќе се договорат за новиот состав на Владата, што се уште не се има случено по изборите од мај годинава.

И по изборите во 2010 година Белгија повеќе од 1,5 година беше раководена од привремена администрација, што претставува рекорд за една земја која не е во војна.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски