ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше, ама не го организирал протестот на земјоделците

Од:

„Оставка“, „Готов си“, Апаши“, „Оди си, Заев“ беа само дел од пораките на земјоделците и сточарите кои со трактори и приколки, од трговскиот центар Мавровка па потоа пред Владата протестираа пред Владата, а како причина беше наведена ненавремената исплата на субвенциите и нецелосно исполнување на барањата испорачани пред една година. Тензична ситуација настана кога полицијата не им дозволи и им ги одзеде производите на демонстрантите, грозјето, праските и јаболката, за да не ги однесат пред Влада, па тие ги истурија пред мостот „Гоце Делчев“.

Демонстрантите изјавуваа дека протестот не е организиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, како што тврдат од владејачката СДСМ. Еден од сточарите го повика премиерот Зоран Заев „да дојде да чува овци и да живее на планина со толку малку пари, за да види како тоа изгледа“. Тој изјави дека биле под голем притисок од актуелни политичари да не излегуваат на протести.

Сепак, дел од анкетираните не знаеја или не сакаа да одговорат зошто се дојдени на протестите. Меѓу присутните претставници од ВМРО-ДПМНЕ беше Александар Трајковски, кој во јавноста стана познат по тоа што беше еден од првите кој во Будимпешта го посети експремиерот, азилант, Никола Груевски.

Тие на протестот на премиерот и на министерот за земјоделство им дадоа рок од 7 дена за да седнат на маса и да разговараат за решавање на најважните прашања за средување на состојбите во земјоделството во спротивно најавуваат масовни протести.

Од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство денеска изјавија дека според динамиката за исплата, се подготвуваат решенијата за исплата на субвенцијата за откупена пченица од домашно производство од родот 2018 година, за што во ребалансот се проектирани 40 милиони денари.

„Веднаш потоа, следува исплатата на субвенциите за предадени градинарски култури, предадени домати и јаболка, субвенција за површини со поледелски и градинарски култури, овошни и лозови насади, како и за грло добиток. Со ребалансот се проектирани и 40 милиони денари за субвенции за заклани свињи како превенција од појава на болеста африканска свинска чума“, велат од Министерството.

Според МЗШВ, со ребалансот на буџетот, се обезбедени нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови производи.

Од СДСМ изјавија дека на „наводниот протест” на земјоделците, освен партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ речиси изостанале вистинските земјоделци.

„Протестот на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои глумеа незадоволни земјоделци е лажен исто како што е лажно се во оваа безидејна партија посветена единствено на обнова на режимот“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Шпиц во наводнувачката сезона, земјоделците бараат повеќе вода и ред при наводнувањето