(ВИДЕО) Прентовиќ: Целосно исплатени субвенциите за предадено млеко и оризова арпа

Од:

„СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува со грижа за сите граѓани. Денес можеме со сигурност да кажеме дека Земјоделските мерки на Владата предводена од СДСМ се на прав пат.

На последната седница на Влада е донесена одлука за нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари по грло за 2019 година. Денеска се исплатија субвенциите за предадено млеко и вчера за оризова арпа.

Вкупно 153,4 милиони денари легнаа на сметките на млекопроизводителите. На сметките на 1.130 оризопроизводители легнаа 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа“, изјави Татјана Прентовиќ, член на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Со оваа нова дополнителна субвенција се исполни ветеното за договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година.

Со Ребалансот на буџетот, со кој се обезбедија нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за различни производи, во следниот период ќе бидат исплатени и останатите обврски кон земјоделците.

Со сумата од ребалансот, вкупниот буџет за субвенци годинава достигна околу 7 милијарди денари само од Програмата за директни плаќања. Го враќаме достоинството на земјоделците, по цели 11 години субвенциите се исплаќаат неселективно и навремено.

СДСМ преку конкретни и развојни мерки покажува што значи вистинска грижа за земјоделците. Се повеќе пари завршуваат кај земјоделците, градиме конкурентно земјоделство и ги зајакнуваме земјоделците. Грижата за земјоделците е приоритет на оваа Влада која е сигурно на правиот пат“, рече Татјана Прентовиќ, член на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата