Според пишувањето на британските медиуми, Роналд Куман е еден од најсериозните кандидати за менаџер на Манчестер Сити.
Поранешниот репрезентативец на Холандија, кој во моментов работи како тренер на Феенорд е последното име кое се најдена листата на можни наследници на Манчини.
Како најголема причина поради која 49-годишниот Холанѓанец високо котира на листата е фактот дека од неговото доаѓање пред две години почна подемот на Феенорд, кој од екипа што се бореше за средината од табелата повторно е меѓу кандидатите за шампионската титула.
Куман потенцираше дека му годат фактот што за него е заинтересиран еден од најбогатите клубови во Европа, но не сакаше да коментира дали е подготвен на крајот од сезоната да се пресели на Островот.