(ВИДЕО) Тимоние: Очекувањата се високи, не мислам дека земјата е модел или пример во регионот

Од:

Да мислите дека сте држава која служи за пример , тоа го одржува моралот и е добро, навистина имаше чекори кои беа прознати, но дали може да има држава модел во регионот не знам, не сум сигурен, рече францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

– Очигледно е дека по постигнувањето на Охридскиот договор земјата доби внатрешен мир, тешки беа реформите, и тоа треба да биде признаено. Но да зборуваме за пример, односно за модел, ќе оставам на вас да одлучите за таков впечаток. Имаше модел на храброст кој беше признаен, тоа беше Преспанскиот договор, но сега , базата, суштината се разговорите за реформската агенда. Мислам дека е добро, очекувањата се силни , можеби повисоки, не сум слушнал дека Македонците ја чувствуваат државата како модел или пример, тоа е пребрз заклучок, треба уште голем напредок овде, треба да се напредува, има на хартија доста работи, ама треба многу повеќе на терен да се реализира.

Се следеле многу низа на точки, но реализзацијата на теренот не соодветствува со очекувањата, одредени структурни проблеми постојат, како и заминувањето на младите. Да се стане модел е тешка работа, и не мислам дека треба да се користи таа терминологија, треба да се фрлиме на работа, реформите не се за нас, туку се за вас, рече Тимоние.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија