Идентитетот и фотографиите на возачот на камионот со 39 мртви лица кој е обвинет за убиство се објавени.
Се работи за 25-годишниот Мо Робинсон од Портадаун, Северна Ирска, кој беше задржан во притвор откако беше откриен камионот со мртвите тела.
На неговиот профил на „Фејсбук“ има фотографии каде позира со камиони.
Во изјава за британските медиуми, неговото семејство рече дека тие немаат информации што се случува. Како што рекоа, тој е оженет и наскоро треба да стане татко.
Претходно денеска беше објавено дека е пронајден камион со 39 тела во Ватерглајд, Есекс и возилото е регистрирано во Бугарија.
Првичните истраги индицираат дека луѓето во ладилникот, за кои се верува дека се нелегални имигранти, најверојатно смрзнале до смрт во камионот додека се обидувале да стигнат до точката од каде е најлесно да влезат во Велика Британија, преку Ирска.
Полицијата на Есекс претходно објави дека камионот пристигнал од Бугарија, но бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека возилото е регистрирано во Бугарија на 19 јуни 2017 година и ја напуштило земјата еден ден подоцна.
Министерството посочува дека возилото припаѓа на компанија во сопственост на жена од Ирска.
Во соопштението се додава дека камионот не се вратил во Бугарија по 20 јуни 2017 година