Саво Милошевиќ ќе му покаже на Фергусон каде има добар алкохол во Белград

Од:

Тренерот на фудбалскиот клуб Партизан, Саво Милошевиќ, на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел со Манчестер јунајтед од Лига Европа, изјави дека на легендарниот тренер Алекс Фергусон, кој треба да допатува во Белград, ќе му покаже места на кои може да проба квалитетен алкохол.

Партизан и Јунајтед не играле дури 53 години, па во Белград утре ќе биде празник на фудбалот. Гостите се фаворити, синоќа Црвена ѕвезда загуби од Тотенхем и прими пет гола, се виде до каде е српскиот фудбал во однос на врвните клубови од Премиерлигата.

– Голема чест и привилегија е што ќе дојде и сер Алекс Фергусон. Се надевам дека ќе се претставиме во добро светло. На вечерата ќе разговараме за многу теми, со него соработував во УЕФА, и тоа ми беше драгоцено искуство. Има многу работи во Белград кои може да му ги препорачам, а како и за вистински Шкотланѓанец, ќе му препорачам и добар алкохол, се пошегува Милошевиќ.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска