Заев: Најавата за вонредна резолуција на ЕП ќе ја врати мотивацијата да продолжиме по европскиот пат

Од:

Премиерот Зоран Заев смета дека најавата за вонредна резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе се побара отворање на пристапните преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ ќе биде од помош и ќе ја врати мотивацијата кај нашиот народ да продолжи по европскиот пат.

– Намерата на ЕП е од помош, нешто што е мал лек за горчината во нашите души која не затекна со оваа нефер историска грешка што ја направи Европската Унија кон Република Северна Македонија. Верувам дека ваквите постапки уште еднаш ќе ја вратат мотивацијата на нашиот народ да продолжи по патот на евроатланските интеграции бидејќи оваа наша определба е со причина – тоа носи инвестиции, раст и развој, повисок стандард и доволна мотивација младите да останат тука и да работат, изјави Заев по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер“.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев порача дека само ако како држава продолжиме да работиме посветено, може да бидеме дополнителна мотивација за дискусиите во Европскиот парламент, Европскиот совет, Европската комисија и пооделно во земјите членки на Унијата.

– Реално очекувам дека многу брзо ќе се врати среќата и надежта, нагласи Заев.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он