Грците, Албанците и Србите се најбројните странски туристи кои ја посетиле Македонија во јануари годинава.
Според податоците на Државниот завод за статистика, Македонија ја посетиле 3.417 грчки туристи кои оствариле 5.550 ноќевања, од Албанија дошле 2.210 туристи со остварени 3.611 ноќевања, а по нив се српските туристи со бројка од 1.513 и остварени 2.299 ноќевања.
Во јануари во Македонија се регистрирани 31.764 туристи и во однос на претходниот месец има зголемување од 1,2 проценти, кај домашните за 1,2, а кај странските за 2,3 отсто. Во однос на јануари лани има намалување за 5,9 проценти. Кај домашниоте има намалување од 2,9, а кај странските за 8,5 проценти.
Во јануари годинава бројот на ноќевањата изнесувал 66.984, што е за 5,9 проценти повеќе во однос на претходниот месец. Кај домашните зголемувањето е за 18,7, а кај странските за 6,1 проценти. Во однос на јануари минатата година забележано е намалување за еден отсто кај домашните, а за 10,8 отсто кај ноќевањата на странските туристи.