А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицотакис: Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан

by А1он23/10/2019 - 10:51211
Share0

Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, алатка за модернизација на соседите, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун за време на неговиот говор на официјалната вечера на Меѓународниот симпозиум, а го повтори и ставот дека Договорот од Преспа е негативен за Грција.

Добивај вести на вибер

-Многу пати, од овде, од Солун имам кажано дека ние сме земја која одново ќе стане протагонист во нашето соседство, на Балканот. Токму затоа очекуваме државите од Западен Балкан да одговорат правилно на обврските на нивната европска перспектива. Да не заборавиме дека тој пат беше отворен овде, во Солун, во 2003 година. Оваа наша позиција ја повторив и истакнав и на последниот Самит на Европската унија. Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, туку и затоа што е демократска алатка за притисок за неопходната модернизација на нашите соседи. И за решавање нашите билатерални разлики, рече грчкиот премиер.

Мицотакис во говорот во Солун се осврна посебно и на двете земји кандидати за членство во Европската Унија. Во однос на Северна Македонија се задржа на Договорот од Преспа, повторувајќи го неговиот став дека се против, но и дека нема да ја изложи земјата на перипетии.

-Сè уште верувам дека Договорот од Преспа е негативен договор за нашата земја. Гласав против, но чесно предупредувајќи ги Грците што произлегува од потпишувањето. Но, јас нема да го навредам нашиот државен грб, иако другите го ставија нивниот потпис под него. Ниту ќе изложам земјата на перипетии. Без да ризикуваме најмала дестабилизација, внимателно ќе следиме како нашите соседи одговараат на нивните обврски. И, се разбира, во решавањето на нерешените прашања, на прво место заштитата на македонските производи, рече Мицотакис и објасни дека за конкретното прашање, за производите детално разговарал на состанокот со префектот, градоначалникот на Солун и со производителите.

eugrcija

Би можело да ве интересира

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Горан Наумовски20/03/2026 - 12:35

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен