Туск пред ЕП: Европските лидери направија голема грешка за Северна Македонија и Албанија

Од:

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент повтори дека европските лидери минатата недела направија голема грешка што не донесоа одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Европските лидери имаа тешка дебата околу проширувањето. По јасната препорака од Европската комисија, огромното мнозинство од земјите членки сакаа да бидат отворени пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, но и покрај тоа не беше постигнат потребниот консензус. Според мое мислење, тоа беше грешка и тоа отворено и директно им го кажав на лидерите. Сега се надевам дека лидерите ќе го исполнат заклучокот, дека ќе се навратат на ова прашање пред Самитот во Загреб во мај догодина, истакна Туск пред ЕП презентирајќи ги заклучоците од минатонеделниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

Се очекува европарламентраците на денешната пленарна дебата уште еднаш да искажат поддршка за старт на преговорите со Скопје и Тирана. Тоа во изминатите денови веќе го направија најголемите политички групации во ЕП – Европската народна партија, Партијата на евроспките социјалисти, АЛДЕ, Партијата на зелените.

Покрај за преговорите со Северна Макеоднија и Албанија, на седницата на ЕП ќе бидат разгледани и заклучоците на Советот на ЕУ за Брегзит и за воената интервенција на Турција во Сирија.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он