УЕФА ја казни Србија својот следен натпревар дома да го одигра без публика заради манифестациите на расизам за време на Европскиот квалификациски дуел против Португалија (2:4) на 7 септември.
Дуелот на Србија против Луксембург на 14 ноември ќе се игра пред празни трибини, а кон санкцијата има и глоба од 33.500 евра, како и еден меч условно, кој ќе влезе во сила при следниот прекршок во наредната една година.
На следната средба на Дисциплинскиот одбор на УЕФА се очекува да се објави казната за Бугарија за расистички постапки на бугарските навивачи за време на натпреварот со Англија минатата недела.