(ВИДЕО) Села: Изборите не го попречуваат пописот, уште подобро ако се одржи тогаш

Од:

Според лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изборите не треба да бидат врзани со пописот кој треба да се одржи на пролет.

Села рече дека за неговата партија 12 април идната година е датум што е прифатлив за одржувањето на предвремените избори, меѓутоа тие биле подготвени и доколку се одлучило изборниот процес да се одржи порано.

„Изборите не го попречуваат пописот. Изборите не се врзани за таа техничка операција. Уште подобро ако се одржи тогаш, бидејќи ќе биде тргнат од рацете на политиката и ќе се заврши демократски и како што треба“, смета Села.

Запрашан дали знае дека човекот кој спасил се наоѓа во затвор, Села одговори: „Да знам, исто како што се на слобода и многу луѓе кои сакаа да ме убијат“.

Би можело да ве интересира

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска