ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев, не му веруваат на СДСМ

Од:

„Македонија со криминалец како Зоран Заев немаше иднина. Најмалку во ЕУ. Затоа Зоран Заев мораше да си поднесе оставка. Доколку порано признаеше дека е неспособен и си дадеше оставка, тогаш штетите по Македонија ќе беа помали. Вака сметката за неговата коруптивна и антидржавна политика ја плаќаат сите.

Одброени се деновите на Зоран Заев на Илинденска б.б. Се гледа крајот на криминалната банда на чело со алболицираниот Заев. Завршува времето на криминалните тендери и грантови, на рекетот, политичкиот прогон, неправдата, неказнивоста на криминалот и погубните економски политики. Доаѓа време кога политичарите нема да бидат синоним за лажни ветувањата и неостварени очекувања. Време е за честити и чесни политичари чиј збор нешто значи“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат единствена шанса за обнова на Македонија. Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев, не му веруваат на СДСМ и нивните лаги и манипулации, политиката „купи ден, помини“ веќе не минува кај македонскиот народ. Недобивањето на датум за преговори со Европската Унија е пораз за погубните политики на СДСМ, во Европа не се оди со рекет, криминал и корупција, не се оди се нула раст на економијата и укинување на правната држава. Граѓаните на Република Македонија заслужија да добијат датум за преговори и европска перспектива, но благодарени на Зоран Заев им беше сервиран уште еден пораз.

Штетните договори, поразите, политиката на свиткана кичма не ја отвораат европската перспектива за нашата држава. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека со промена на името и откажување од се што е македонско, нема да се доближиме до Европа додека Зоран Заев ги лажеше македонските граѓани дека ова е вистнискиот, „правиот пат“.

Време е за реформи, вистниски реформи, политичари кои ќе ги засукаат ракавите и ќе ја изградат иднината на нашата држава со проекти и политики во интерес на граѓаните, а не мал број на слуги на Зоран Заев. Дојде време за обнова на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС