СДСМ: Дали Мицкоски бега од брзи избори?

Од:

„Дали Христијан Мицкоски бега од брзи избори? Дали Христијан Мицкоски сака да побегне од предлогот за брзо соочување на предвремени парламентарни избори?“, прашуваат од СДСМ.

„Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат итни предвремени парламентарни избори, а денеска кога има конкретен предлог, тој измислува изговори.

Очигледно Мицкоски знае дека нема поддршката кај граѓаните и дека го очекува нов пораз.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту имаат идеја, ниту визија, понуда, немаат ниту програма.

Тие само сакаат обнова на криминалниот режим, обнова на изолацијата и бесперспективноста во која ја држеа државата заробена.

Тоа граѓаните нема да им го дозволат, на предвремени парламентарни избори, граѓаните повторно ќе ја поразат режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ како што ја поразија и на претходните парламентарни, локални и претседателски избори“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук