Седуммина загинати, од кои пет деца, во пожар во зграда во Русија

Од:

Седум лица, од кои пет деца, загинаа во пожар што зафати станбена зграда во Ростов, Русија, јави руската агенција ТАСС.

Шефот на администрацијата на тој регион Сергеј Шокин изјави дека бројот на жртвите се зголеми на седум лица, потсетувајќи дека претходно беше јавено дека загинале пет деца и едно возрасно лице.

Пожарот во двокатната станбена зграда се случи утрово околу 4 часот по московско време.

Според податоците на Министерството за вонредни состојби, покривот на зградата со површина од 600 метри квадратни целосно е изгорен.

Покрената е истрага за причините за пожарот, а како што се наведува поднесена е една кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски