„Ароганција, клевети, навреди кон сите што мислат со своја глава и лаги и манипулации на сопствениот народ“ , ова според ВМРО-НП се одлики на исплашени и себични политичари на кои им е важно само да се на власт.
„За жал зградата на владата наместо симбол на државнсота, стана симбол на лицемери“, изјави Ване Цветанов.
Посочи 6 лаги и манипулацииод страна на Владата поврзани, како што рече, со авантурата во Русија: Во Сочи објектите за Олимпијадата се во завршна фаза, а транспортот на еден камион со зеленчук чини 5.000 евра, Груевски, рече, во очи лаже дека има можност за пласман на земјоделски производи во Краснодар, бидејќи ги задоволува 65 % од потребите на Русија со земјоделски производи, Владимир и Сузаљ немаат високо развиена индустрија, регионалниот центар на Лукоил е Бугарија.