Албанската државната полиција информираше дека вратени се сто државјани на Албанија во Тирана од три земји членки на Европската Унија, бидејќи ги прекршиле правилата за престој во земјите на ЕУ или барале азил.
– Во акцијата која е реализирана во соработка со Фронтекс вратени се 100 албански државјани, од кои 43 од Франција, петмина од Белгија и 52 од Германија. Станува збор за лица за кои е донесена одлука да ја напуштат француската, белгиската и германската територија, поради кршење на правилата за движење во шенген зоната, се наведува во соопштението.
При тоа државната полиција уште еднаш апелира до сите албански државјани да ги почитуваат правилата за движење во шенген зоната и да не вложуваат никакви напори и да се изложуваат на непотребни трошоци „бидејќи шансите за добивање азил за албанските граѓани се нула“.
Само пред неколку дена 104 албански државјани беа вратени во нивната татковина со два чартер-лета од Франција и од Германија во рамките на заедничкиот европски проект, кој го реализираа Франција, Белгија и Германија во соработка со Фронтекс и со поддршка на албанските власти. Од вкупниот број, од Франција се вратени 15, од Белгија пет и од Германија 84.