Во последните неколку години Финска се соочува со се понизок раст на стапката на наталитет, што особено ги загрижува властите во оваа скандинавска земја.
Некои политичари почнаа да ги повикуваат жените да раѓаат повеќе деца, предупредувајќи дека земјата се соочува со се пониска стапка на фертилитет, наведува агенцијата Анадолија.
Особено се загружени поради се помалиот број раѓања на деца и се поизразениот проблем со стареење на населението.
Финските меидуми пренесуваат дека некои политичари во земјата сметаат дека негативните демографски трендови можат негативно да се одразат врз јавните финансии и нацоналната економија.
Според податоците на финските државни агенции, во следниот период се очекува во земјата секоја жена во просек да роди 1,32 дете, што ќе биде најниска стапка во историјата на Финска.
Некои политичари во Финска, сепак, сметаат дека ниската стапка на фертилитет нема да го загрози економскиот прогрес на земјата, напоменувајќи дека на земјата и се потребни нови решенија за благосостојбата и виталноста да можат да се развиваат без постојан раст на бројот на населението.
Според податоците на Обединетите нации за 2019 година, Јужна Кореја има најниска стапка на фертилитет во светот. Во неа во моментов во просек секоја жена раѓа 1,1 дете. Како споредба, во Кина во просек секоја жена раѓа 1,7 дете, во Индија 2,2, САД 1,8, Германија 1,6, додека во Нигер дури седум деца.
Според податоците на ОН, глобалниот просек изнсува 2,5 деца.