Амбасадорите на Германија во Западен Балкан го поддржаа Советот за регионална соработка

Од:

Амбасадорите на Германија во Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје и Тирана, заедно со претставници на Министерството за надворешни работи, ја разгледаа политичката ситуација во Западен Балкан и европските перспективи на регионот за време на посетата денеска на секретаријатот на Советот за регионална соработка во Сараево, јави БТА.

Амбасадорите дадода целосна поддршка на напорите на Советот за зајакнување на регионалната соработка во Југоисточна Европа.

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ рече дека Советот се профирилал како центар за регионална соработка и клучен партнер на ЕУ.

– Тоа ја зајакнува нашата позиција како главна регионална организација, кога станува збор за прашања на развој во Југоисточна Европа, рече Свилановиќ.

Николас Граф фон Ламбсдорф, директор за Западен Балкан и Турција во германското МНР, рече дека Советот за регионална соработка е инструмент за поттикнување и зацврстување на стабилноста, економскиот и социјален развој, како и на европската интеграција во ЈИЕ.

Посетата на германските амбасадори во секретаријатот на Советот е во рамки на годишната средба на високи германски дипломати во Западен Балкан, која во моментот се одржува во Сараево.

Германија ја поддржува работата на секретаријатот со 50.000 евра годишно за комуникациска дејност. Во дополнение германската агенција за развој (ГИЗ) и фондациите Фридрих Еберт и Конрад Аденауер исто така ја поддржуваат дејноста на Советот.

Би можело да ве интересира

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

A1on