Леклер: Среќен сум што имам клупски колега како Фетел

Од:

Пилотот на Формула 1 тимот Ферари, Шарл Леклер демонстрираше затоплување на односите со својот поискусен клупски колега Себастијан Фетел.

Младиот пилот од Монако смета дека е привилегиран што за партнер во тимот го има четирикратниот светски првак. Леклер стана пилот на Ферари на местото на Кими Раиконен и веднаш се наметна кај навивачите. Тој има една победа и девет бода повеќе од Германецот Фетел во генералниот пласман, но не се чувствува главен.

– Себастијан четири пати бил светски првак, јас ниту еднаш. Многу учам од него, собирам искуство, го слушам што бара од инженерите. Не решавам јас кој е број еден, а кој број два во тимот. Среќен сум што го имам Себастијан до мене, вели Леклер.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он