Средновековен златен денар понуден на аукција за 1,6 милиони фунти

Од:

Ретка средновековна монета – златен денар, што му припаѓал на пророкот Мухамед, е ставен на аукција во Лондон. Паричката датира од 732 година. Почетната цена е 1,6 милиони фунти, а наддавањето е закажано за 24 октомври.

Во светот денес има само десетина такви монети, од кои повеќето се наоѓаат во приватни колекции или во музеи.

– Оваа паричка е прекрасна. Таа е не само совршено зачувана, но и неверојатно ретка. Важен историски документ, вели стручњакот за исламски монети Стивен Лојд.

Златото од кое е направен денарот, е добиено од рудник близу Мека, Саудиска Арабија, што се обработува и денес.

Во септември, во Лондон беше продадена една друга ретка монета. На бронзеното пени е исклесан профилот на англискиот крал Едвард Осми. Крајната понуда за оваа паричка беше 133.000 фунти, што беше двојно повисока од почетната цена.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска