Три деца и воспитувачка заразени со бактеријата мрса во градинка во Кисела Вода

Од:

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во населбата Кисела Вода. Родителите се во паника и бараат од Центарот за јавно здравје да земе брисови од сите деца за да не се прошири и кај останатите, додека директорката на градинката ја смирува ситуацијата и вели дека нема простор за паника.

„Дојде инспекција, констатирано е дека се е во ред и дека нема причина за паника. Вршиме континуирана дезинфекција. Дојде санитарна инспекција, направи записник и констатираше дека градинката е во одлична состојба кога станува збор за хигиената. Родителите бараат да се земе брис од сите деца, но од Центарот за јавно здравје ни изјавија дека тоа не е во согласност со протоколите бидејќи не станува збор за епидемија. Уверувам дека градинката не е проблем. Бактеријата се шири во болниците, а исто така и игротеките се место од каде може да се рашири, а таму не се вршат контроли“, вели Валентина Божиновска, директорка на „Весели цветови“.

Пред три недели, со бактеријата мрса (позната и како „стафилокока“) било дијагностицирано едно дете и воспитувачка. Останатите вработени на своја иницијатива извршиле испитувања и кај нив не била најдена бактеријата. Утринава, во друг објект, кај уште едве деца била дијагностицирана мрса, по што кај родителите настапила паника, па сега тие самоиницијативно ги носат децата на испитувања.

Оваа бактерија често се наоѓа на кожата и слузниците на човекот. Бактеријата кај здравите лица не предизвикува никакви симптоми и тие се само преносители. Таа може да се пренесе преку физички контакт, преку кожата или близок контакт со преносителот.

Иако бактеријата кај здравите луѓе со јак имунитет не предизвикува болест, таа може да предизвика сериозни инфекции кај лицата со намален имунитет и со оштетена кожа или слузници. Доколку продре под кожата или во телото, мрсата може да предизвика посериозни последици.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Загреб: Починаа двајца пациенти кои беа заразени со Легионерска болест

Горан Наумовски

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

A1on

Негувателка во Радишани тепала тригодишно дете, од насилството го загубило говорот

A1on

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани