Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј го поздрави договорот потпишан денеска меѓу Словенија и Хрватска за решавање на меѓусебниот банкарски спор.
Овој договор претставува значаен датум во односите меѓу Хрватска и Словенија, како и во односите двете држави кон ЕУ, наведува Ван Ромпуј во сопштение денеска објавено во Брисел.
Словенија и Хрватска потпишаа договор за решавање на меѓусебниот банкарски спор, со што се надминува пречката, која се закануваше да го блокира приклучувањето на Хрватска кон ЕУ.
Хрватска се очекува да се приклучи кон ЕУ на 1 јули, а денешниот договор го отвора патот за Словенија да го ратификува договорот за приклучување на Хрватска кон ЕУ до овој датум.