Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска за „А1он“ рече дека очекува во текот на денот Јанева да биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Обвинението за предметот „Рекет“ сè уште не го добила, но очекува во текот на денот и тоа да се случи.
Поранешната специјална обвинителка беше пренесена во клиниката „Жан Митрев“ во четвртокот поради висок крвен притисок и влошена општа здравствена состојба.
Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но Судот го одби ова барање.
Јанева е обвинета во аферата „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“.