Албански тур-оператори во посета на Македонија

Од:

Тур-оператори од Албанија неделава ќе ја посетат Македонија. Целта е запознавање со туристичките понуди и атракции кои земјава ги нуди, со акцент на ловниот туризам, спортски риболов и планинскиот туризам.

Како што соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, во рамки на студискиот престој, албанските туропетатори од среда до петок ќе посетат повеќе локации и туристички центри, главно од регионот на Охрид (Свети Наум, Националниот парк Галичица и Билјанини Извори), Маврово (Национален Парк, реката Радика и село Јанче) и Скопје (Ловниот резерват Јасен и Кањонот Матка).

Тие ќе имаат можност да се сретнат и да разменат искуства со колегите од Македонија, здружението на ловци и спортски риболов, како и да дегустираат традиционална храна и пијалоци.

Посетата на тур операторите од Албанија, станува традиционална и има за цел да го зголеми интересот на туристите за планинскиот туризам, лов и спортски риболов во Република Македонија, како и да ги прошири можностите за економска соработка меѓу двете земји. Ја организира Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во соработка со Унијата на тур оператори на Албанија (УТОА) и Албанската асоцијација за туризам (ААТ).

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ