Премиерлигашот Манчестер Јунајтед ќе му понуди продолжување на договорот на напаѓачот Вејн Руни и со тоа ги отфрли шпекулаците дека Руни ќе оди на трансфер листата по завршување на сезоната.
Медиумите во Англија минатата недела објавија информации дека Руни ќе биде продаден, а во прилог на таквите вести одеше и одлуката на менаџерот Алекс Фергусон, напаѓачот од клупата за резерви да го започне дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Фергусон во петокот негира дека Руни беше резерва поради негово заминување од „Олд Трафорд“ и потврди дека тој смета на 27-годишниот фудбалер и за во иднина.
Актуелниот договор на Руни со Манчестер Јунајтед му истекува на крајот од сезоната 2014/15.