Почна демонтажата на времениот објект на покривот на ГТЦ

Од:

Согласно одлуката на Градоначалникот Шилегов, денеска почна демонтажата на времениот објект на покривот на ГТЦ. Со овие активности ќе се изврши демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот, информираат од Град Скопје.

По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект.

Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, во предвид беа земени општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, Град Скопје донесе одлука за демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ.

Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела ќе почне поставувањето на земјената подлога, а кон крајот на овој месец може да се очекува поставувањето на првото зеленило.

Би можело да ве интересира

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?