„Рози за Тоше“ – пречек на маратонците во среда

Од:

На 16-ти октомври во 11:30 часот Крушево ќе ги пречека учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево кој по дванаести пат се одржува во чест на Тоше Проески.

Организаторот СОУ Наум Наумовски Борче со поддршка на општина Крушево и Локален младински совет Крушево, заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набавија рози кои ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до гробното место на Тоше.

Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е заеднички граѓаните и институциите да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Седумнаесет години без Тоше Проески

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Почина таткото на Тоше Проески

A1on

Концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево

Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески