Врвен шпански судија ќе ни суди против Полска

Од:

Дуелот помеѓу фудбалските репрезентации на Полска и Северна Македонија закажан за в недела во Варшава, ќе го суди еден од најдобрите шпански, па и европски судии, Антонио Матеу Лахоз.

Матеу Лахоз е делегиран од страна на УЕФА да ја дели правдата на овој меч кој е многу важен за „црвено-жолтите“, но и за Полјаците кои со победа, ќе обезбедат место на ЕП 2020. Тој досега ѝ нема судено на македонската репрезентација.

Овој 42-годишен арбитар цела деценија редовно ги суди дербијата во шпанската лига, судеше на ланското Светско првенство во Русија, а во мај годинава го повикаа да суди на дербито од ерменската лига, бидејќи клубовите Пјуник и Арарат немаа доверба во домашните судии.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Левандовски спортист на годината во Полска

Ана Ололовска

Канаваро главен кандидат за полски селектор

Ана Ололовска

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он