Канаваро главен кандидат за полски селектор

Од:

Италијанскиот тренер и поранешен репрезентативец Фабио Канаваро е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска.

„Скај Италија“ објави дека Канаваро веќе имал средба со раководството на Полската фудбалска федерација во Краков и преговорите добро напредуваат.

Полска е без селектор по заминувањето од должноста на Пауло Соуса, кој ја предводеше репрезентација на 15 натпревари и оствари ефект од шест победи, пет нерешени и четири порази.

Според италијанските медиуми, меѓу кандидатите за полски селектор е и поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Левандовски спортист на годината во Полска

Ана Ололовска

Врвен шпански судија ќе ни суди против Полска

Блашчиковски позајмил 300 илјади евра на Висла Краков за клубот да ги покрие долговите

Наум Локоски

Брзечек нов селектор на Полска

Ана Ололовска

Навалка нов селектор на Полска

Ана Ололовска