Едно лице под истрага за поседување оружје, муниција и дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, како и кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-Вчера во близина на трговскиот центар „Мавровка“, при извршен преглед кај осомничениот 30-годишен скопјанец биле пронајдени 19,47 грама марихуана. Истиот ден, при претрес во неговиот дом на улица „Волгоградска“, било утврдено дека тој кај себе држел поголемо количество оружје и муниција – еден пиштол марка „P.Beretta 950 B” со калибар 6,35 со една празна рамка, еден револвер „Z.Brno“ модел Grand, шест куршуми – муниција кратко зрно со калибар 6,35 наменета за испалување од огнени оружје – полуавтоматски пиштоли, 15 куршуми муниција со калибар 38 Special наменета за испалување од огнено оружје – револвер, како и 322 куршуми – муниција долго зрно со калибар 7,62Х39 мм, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети основите предвидени во Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Уругвајци тешко повредени откако излетале со мотор во кривипаланечко

Ја удрил со автомоби, па ја тепал сопругата со која се разведувале

Починат Турчин пронајден во хотел на Бит Пазар

Катерина Ѓуровски

52-годишник загина откако со мотор удрил во паркиран автомобил

Им зел 10 илјади евра за да „фати врски“ во судовите за пресуда во нивна корист

Катерина Ѓуровски

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет